Опасниот коронавирус (ковид -19) го парализираше спортот во светот и големи спортски манифестации како Европското првенство во фудбал, Формула 1 шампионат, ракометната Лига на Шампиони и грен слем турнирите во тенис се одложуваат и презакажуваат за друг термин. Организаторите на Летните олимписки игри кои ќе се одржат во Токио, Јапонија од 24 јули до 9 август сметаат дека е рано да се донесуваат крупни одлуки.
Не треба да носиме избрзани одлуки бидејќи е рано. Термините се менуваат од сат во сат, но моментално ние немаме потреба од таква одлука. Се трудиме да бидеме во тек со сите спортски федерации и да имаме информации околу здравјето на спортистите. Спортскиот календар е комплициран и нема е лесно да се премести Олимпијадата за година дена. Но ќе биде смешно и не одговорно ако речиме дека не ја разгледуваме опцијат за одложување. – рече првиот човек на Светскиот олимписки комитет, Себастијан Коу.
Не извесноста ќе трае долго време околу одржување на ЛОИ бидејќи во краток временски период ќе треба да се одиграат квалификациските турнири речиси во сите спортови.
OhridNews