Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против охриѓаните А.Џ (1985) и Н.Џ (1981) поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и ,”Овозможување на употреба на наркотични дроги”.

Пријавените во текот на август годинава, од лице од Охрид, по цена од 200 евра купиле поголема количина опојна дрога марихуана и хероин. При претрес во нивниот дом, инспекторите од Одделението за борба против дрога пронајдоа околу 1 килограм и седумстотини грама  наркотична дрога-марихуана, девет грама опојна дрога хероин, како и едно стебло од растението ,”Канабис сатива,” со висина од околу 1,5 метри и едно парче непозната цврста бела материја. Пријавените, дрогата неовластено ја чувале  во нивната заедничка соба каде подготвувале џоинти наменети за продажба на други  лица од Охрид но и за лично користење. Одземената дрога ќе биде испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР-Охрид презема дополнителни мерки заради можна инволвираност  и на други лица во овој случај. 

Извор:СВР-Охрид