Сопствениците на нелегално поставените тезги, коментираат дека тука ќе бидат уште десеттина дена, односно додека има туристи. Коментираат дека мора да доаѓаат тука, затоа што за некои од нив тоа е единствениот извор на егзистенција.
Од друга страна, надлежните служби при Локалната самоуправа и годинава останаа глуви на реакциите на граѓаните и туристите дека она што се случува на градскиот кеј не му доликува на едно туристичко место како Охрид.
И покрај заложбите на екипите од ЈП Комуналец, преку уредување на зеленилото, кејот да добие еден светски лик, сето тоа пропадна во вода со панаѓурот кој и годинава, за жал му се случи на Охрид.