Уште точно десет дена преостануваат до почетокот на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, кој за само една година го понесе епитот во најголем спортски настан во нашиот град.

Спортскиот хепенинг „Охрид трчаТ“ започна со трката за преставниците од СВР Охрид, медиумите и лицата кои се дел во организацијата, а продолжи со ноќната трка која се одржа изминатиов викенд.

Богатата понуда на „Охрид трчаТ“ продолжува денеска со почеток во 11 часот со училишната трка која е дел од „Трките на различностите“ спроведени од страна Асоцијација Спорт за сите-сите за спорт и Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржан од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ Креативни и Активни од Струга.

Десеттиот ден од одбројувањето го посветуваме на трката на 10 километри на која учествуваат атлетичари со богато педигре. Трката на 10 километри која се трча низ улиците на Охрид и стариот град изобилува со неверојатни погледи и можност за уживање во трчањето.

Минатата година првото место во машка конкуренција му припадна на најдобриот атлетичар Дарио Иваноски кој делницата од 10 километри ја помина за 34 и 9 секунди. На второто место финишираше Милош Ранчиќ со заостанување од минута и пол, а трет целта ја мина Кокан Ајановски со време 35 минути и 59 секунди. Во женска конкуренција триумфираше Адријана Поп-Арсова со време 43 минути 42 секунди, второпласирана заврши Весна Кираџиева (44 мин. 46 сек), а трета Билјана Кираџиева (45.18).

OhridNews