Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (“Службен весник на Република Македонија” број 19/2007 објавен на 19.02.2007 година) личните карти издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.
 
Граѓаните кои не извршиле замена на старите лични карти се должни тоа да го направат најдоцна до 27.02.2010 година, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи.

Дополнителни информации граѓаните може да ги побараат на web страната на Министерството за внатрешни работи или да се обратат до подрачните единици на Министерството за внатрешни работи според нивното живеалиште.

Ohridnews