Во последните 24 часа во земјава се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19, од кои 9 во Охрид., информира Министерството за здравство.

Регистрирани случи во последните 24 часа

– Скопје 93
– Куманово 7
– Штип 3
– Прилеп 4
– Тетово 12
– Струга 3
– Битола 1
– Охрид 9
– Гостивар 3
– Кочани 1
– Кичево 8
– Ресен 5
– Неготино 1

Денеска се регистрирани 9 смртни случаи: шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 30 оздравени пациенти:

– Скопје 21
– Штип 3
– Прилеп 2
– Тетово 3
– Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

OhridNews