Во Општинското Средно училиште “Св. Климент Охридски” во првиот уписен рок се запишале вкупно 321 полуматуранти од кои 224 на гимназиската, 84 на економската и 13 ученици на здравствената струка. Во вториот уписен рок има уште 121 слободно место за упис, од кои 48 во гимназиските паралелки, 52 во Економско-правните паралелки и 21 на Медицина. Од управата на ова училиште најавија дека за вториот уписен рок ќе ги намалат критериумите за упис.
Во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” во првиот рок за запишување, поради малиот интерес, биле прмени само 77 ученици, што значи дека во вториот уписен рок, полуматурантите кои сеуште не се запишани ќе може да аплицираат за вкупно 355 слободни места. Од нив 114 се во машинската струка, 164 во електро- техничката, 53 во сообраќајната струка и 24 во струките за лични услуги.
Општинското угостителско –туристичо училиште “Ванчо Питошески” во првиот рок за уписи прими 98 ученици. Од нив 16 се запишале во смеровите со четиригодишно образование, а 82 ученика во струките со 3 годишно образование. За вториот уписен рок, во ова стручно училиште останати се вкупно 208 слободни места.
Од 2008 година средното образование е задолжително и за родителите кои своите деца нема да ги запишат ќе се покрене кривична пријава. Паричните казни се најмалку 1.000 евра.