Комисијата за пандемски грип на состанокот одржан вчера констатира дека сите досега преземени активности, како и предвидените мерки за заштита се во согласност со оперативниот план и се во рамки на вообичаени и препорачани мерки на СЗО за можна епидемија.
Министерот за здравство, Бујар Османи, уште еднаш изјави дека системот е подготвен да одговори на евентуална епидемија и апелираше грѓаните да се придржуват до препораките за заштита од новиот грип за зголемена хигиена и избегнување на масовни собирања.