Во текот на изминатото деноноќие во државата на 392 лице им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти полицијата.

Во однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци, информира МВР.

OhridNews