Регионалната комисија за денационализација денеска расправаше и донесе решенија за 40-на предмети. И покрај ефикасноста пред комисијата претстои тешка задача бидејќи до крајниот рок за завршување на процесот на денационализација, септември 2008 г., треба да се решат уште околу 300 предмети. Межу нив и најтешките  како што е враќањето на имотот во авто камповите Градиште, Елешец и Андон Дуков.

Престедателот на  Комисијата, Славко Лазовски, информираше дека за 30 предмети кои се однесуваат на имот во Градиште ќе одлучува второстепената комисија, додека регионалната комисија во Охрид ќе одлучува само по 6 тешки предмети. Лазовски е оптимист дека комисијата ќе ги реши сите преостанати предмети во предвидениот рок. Околу 13 хектари се предмет на денационализација во Андон Дуков, а поголема површина земја е предмет на денационализаиција и во авто кампот Елешец. За таа цел комисијата е засилена со двајца нови членови, а во мај таа ќе биде проширена за уште двајца членови, најави Лазовски.


ќе се решат сите предмети во Охрид-Славко Лазовски

Претседателот на регионалната комисија за денационализација,појасни дека секаде каде што има можност за враќање на имотите на сопствениците тоа се прави, доколку тоа не е можно им се нуди друго државно земјиште со вредност како и имотот кој е предмет на денационализација. За таа цел во Охрид на раполагање се 6 дуќани и земјоделско земјиште во сопственост на државата, а како алтернатива се нуди и земјиште во струшко поле.

ohridnews