Уште точно 30 дена преостануваат до второто издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, кој заслужено го носи епитот спортски настан број еден во нашиот град.
Подготовките на организаторите за „Охрид трчаТ“ се во полн ек, а на стартот на 3 јуни на трките на 5 и 10 километри се очекуваат околу 1000 учесници. Наскоро, организаторите ќе го презентираат целиот план на спортскиот настан во кој ќе бидат уклучени сите фели во Охрид и Македонија.
Атлетскиот викенд познат како „Охрид трчаТ“ имаше успешна промоција на полумаратонот во Дубровник, а викендов кој доаѓа ќе се промовира и на Скопскиот маратон.
Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ трае до 28 мај, а тоа може да се изврши на официјалната страна ohridtrcat.mk.
OhridNews