Во праисториската наколна населба во Градиште, покрај постојните 8, наскоро ќе бидат изградени уште 16 куќички. Ова е дел од проектот за реконстрикција на археолошкиот локалитет Плоча Миќов град, кој денеска го посети премиерот Никола Груевски. Тој во придружба на министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, го разгледа Музејот на вода и се запозна за текот на градежните работи.


Министерката Канческа-Милевска истакна дека е завршена импрегнацијата на дрвата што се поставуваат во вода, така што кон крајот на октомври ќе биде промовиран целиот комплекс со сите негови содржини.

Музејскиот комплекс го посетуваат над 2.500 гости неделно односно во текот на летната туристичка сезона остварени се  над триесет илјади посети, рече Канческа Милеска.


Во рамките на музејскиот комплекс функционира нуркачки центар, за кој постои голем интерес кај гостите кои летуваат на Охридското Езеро, но и кај членовите на локалните нуркачки клубови.

Реализацијата на целиот проект, односно заокружувањето на сите градежни и инфрструктурни активности и изградбата на сите предвидени содржини ќе чини околу 3,5 милиони евра.

OhridNews