Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 559 прекршоци, информира МВР.

oHRIDnEWS