Градежната компанија „НЕФИ ИК“, ги отфрла наводите и обвинувањата на неформалното еколошко движење „Охрид SOS“, кое вчера објави дека механизација на оваа фирма црпи песок од Охридското Езеро во населбата Далјан за потребите на бетонската база во непосредна близина.
Невистинити се информациите објавени од страна на активисти на „Охрид SOS“, дека багер на компанијата „НЕФИ ИК“ црпел песок од езерото. Ова го потврди и полицијата која по објавувањето на информацијата отишла на лице место и утврдила дека багерот не е на компанијата „НЕФИ ИК“, а за што јавноста не е известена. – изјави Куjтим Усеини, брат на Нефи Усеини – соспственик на градежната компанијата „НЕФИ ИК“, кој, пак, деновиве е актуелен и поради случајот со инцидентот со сограѓнин пред хотел во Охрид за кој во тек е правна постапка.
Кујтим Усеини, додава дека градежната компанијата „НЕФИ ИК“ е позната по исклучителниот квалитет во својата работа и дека никогаш не користела сомнителни материјали, како и дека изнесените неточни обвинувања се тенденциозни и сериозно можат да наштетат на угледот на фирмата.
Багерот снимен како копа во езерото не е наш. „НЕФИ ИК“ ниту некогаш црпела, ниту црпи, ниту некогаш ќе црпи езерска песок за бетонска база. Ние поседуваме сопствен каменолом од каде користиме суровини за производство на високо квалитетн бетон кој го користиме во градежните активности и не користиме материјали кои може да го компромитираат составот и квалитетот на бетонот и градбите кои ги изведуваме. – вели Кујтим Усеини.
Компанијата „НЕФИ ИК“ бара извинување од организацијата „Охрид SOS“ и нејзините активисти, а до медиумите апелира да не пренесуваат непроверени информации.
Г.М.
Охрид SOS: Механизација црпи песок од Езерото за потреби на бетонска база