Атлетската легенда Јусеин Болт ги постигна првите погоци во фудбалска кариера. Јамајканецот два пати стрелаше прецизно за својот тим Централ Маринерс во триумфот над Макартур Јунајтед.

Болт после натпреварот не го криеше задоволството од погодоците. – Во мојот прв настап од првата минута постигнав два погодоци и чуството е одлично. Јас сум среќен што сум тука и што добив шанса да покажам дека можам добро да се снајдам. Ќе продолжам да тренирам со исто темпо и ќе и помогнам на екипата. – изјави Болт после натпреварот.

Во атлетиката Болт имаше неверојатен успех освојувајќи ги сите титули во кои се натпреварувал. Негови дисциплини беа спринтерски делници, но и во фудбалот добро му тргна.

OhridNews