Светскиот рекордер на 100 и на 200 метри, Усаин Болт, најави дека во блиска иднина планира да почне со настапи на патеката од 400 метри. Тој на средбата со новинарите за време на гостувањето во главниот град на Кенија, Најроби, ја најави можноста да се обиде да го собори рекордот и на оваа патека.


– Следната година најверојатно ќе настапам и на некоја трка на 400 метри. Како и во претходните години, така и во следната планирам да освојувам медали и да соборувам рекорди – изјави Болт.

Најбрзиот човек на планетата уште еднаш потврди дека на Олимписките игри во Лондон планира да се појави и во дисциплината скок во далечина.