Над 50 претставници од охридските фирми учествуваа на Регионалната конференција насловена како “ Успешен пристап до финансии”. Претставниците од неколку банки и финансиски институции од Македонија ги презентираа своите финансиски производи и услуги.

“ Успехот или неуспехот на голем број македонски компании зависи токму од имањето пристап до што поголем избор на финансиски производи. Обезбедувањето на надворешно финансирање, кое ќе биде достапно и на локално ниво е од суштинско значење за конкурентноста на компанијата во однос на проширувањето на меѓународните пазари и отворањето на нови работни места”, рече Маргарета Липковска Атанасов, Специјалист за менаџмент на проекти во УСАИД. 

Конференцијата ја организираше Проектот за конкурентност на УСАИД во соработка со Австриската развојна агенција и општина Охрид. Станува збор за петтата регионална конференција за успешен пристап до финансии организирана од страна на УСАИД. 

Т. К.