Селекцијата на Уругвај ноќеска ја победи селекцијата на Канада во мечот за третото место на Купот на Америка. Средбата одиграна на „Банк оф Америка“ во Шарлот беше решена по изведување на пенали (4:3), откако по основниот дел немаше победник (2:2).

Уругвај поведе во 8. минута преку Родриго Бентанкур, во 22. минута Исмаел Коне го израмни резултатот. Во второто полувреме Џонатан Дејвид погоди за Канада (80. минута), а Луис Суарез за Уругвај (90+2.).

Уругвај по 10-ти пат го освои бронзениот медал на Копа Америка (1921, 1922, 1929, 1937, 1947, 1953, 1957, 1975, 2004, 2024 година).

Во финалето во 2 часот по полноќ по македонско време, во Мајами ќе играат Аргентина и Колумбија.

OhridNews