Денес охриѓни имаа можност да се запознаат со тоа како да се заштитатат од неексплодираните убојни средства. На градскиот плоштад и долж чаршијата беа поделени флаери, но на располагање беше и тим од вклучените претставници во проектот на НАТО „Вектор“, во рамките на кампањата за подигнување на свеста за опасноста од неексплодираните убојни средства.
Преку проектот, според проректорот на УКЛО професор Марјан Ѓуровски, се користат придобивките до членството на земјата во НАТО и се остваруваат три цели. Се воспоставува партнерски однос на Универзитетот и Факултетот за безбедност со државните институции од безбедносниот систем, градење на капацитетите на ДЗС и МВР во справувањето со неексплодираните убојни средства и подигнување на јавната свест кај граѓаните за опасноста од овие средства со кои се среќаваат.
Ѓуровски нагласи дека голем недостаток на системот за заштита и спасување и управување со кризи што непосредно влијание врз неговата неефикасност е тоа што основни елементарни средства и услови за работа немаат пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување. Ова беше заклучокот врз основа на дискусиите од дводневната работилницата во Охрид „Опасност од неексплодирани убојни средства: примена на дигитални технологии во справувањето“ во организација на Факултетот за безбедност, односно УКЛО и НАТО.
Суштинската е потребата од реформите на системот за заштита и спасување и управување со кризи поради бројните слабости, техничка неопременост, некординација и взаемна неефикасност на двете институции кои сега ги имаме, нагласи професор Ѓуровски.
Преку реализацијата на НАТО проектот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и Факултетот за безбедност-Скопје се дава придонес кон хуманата безбедност и подобра ефикасност на системот за заштита и спасување и управување со кризи, нагласи Ѓуровски кој ја затвори работилницата во Охрид.
Во текот на работилницата се дискутираше за предизвиците кои постојат при справувањето со неексплодирани убојни средства и импровизирани експлозивни направи и начините на кои модерната технологија може да се примени во операциите за нивно неутрализирање. Претставници од крајните корисници во проектот, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, заедно со проектниот тим, претставници на Факултетот за безбедност – Скопје и поканети експерти од други институции кои се вклучени во системот за заштита и спасување ги дискутираат наведените аспекти, информира Ѓурчиновски.
Тој ја најави можноста Универзитетот „Св.Климент Охридски“ да ја разгледа можноста за соработка со другите надлежни државни институции за подготовка и акредитирање на специјалистичка стручна програма во делот на начинот и справувањето со неексплодираните убојни средства.
Преку показна вежба и презентирање на можностите кои ги нуди ВЕКТОР апликацијата и постигнувањата со проектот се помогна во оценка и подобрување на практичната применливост на ВЕКТОР компонентите кои се продукт на програмата НАТО-Наука за мир која ја користат професорите од Универзитетот „Св.Климент Охридски“.
Н.С.Ј.