Охридските љубители на театарот вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност да ја погледнат урнебесната комедија „Жени на власт“ во изведба на театарот „Солза и смеа“.

Режисер на претставата е Александар Димитровски, а автор на текстот е Стеван Л. Костов. Претставата е интересна приказна каде Господ им ја зема силата на мажите и им ја дава на жените, за сите неправди кои мажите им ги правеле. Со тоа улогите се менуваат и мажите се оние кои се понежен пол и се задолжени за сите обврски во домот, готвење и чистење, додека жените одат во општина и се задолжени за власта.

Во претставата играат: Александар Димитровски, Никола Тргачевски, Марјанчо Ѓоргиевски, Валентина Кожовска, Катерина Петровска и Димитар Михајловски.

Освен во Охрид претствата ќе биде изведена и во Ресен, Битола, Кочани, Демир Хисар, Кавадарци, Мак. Брод, Скопје, Прилеп и Тетово.

OhridNews