Охридските љубители на тетарот на 17-ти октомври 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност да ја погледнат урнебесната комедија „Жени на власт“ во изведба на театарот „Солза и смеа“.
Режисер на претставата е Александар Димитровски, а автор на текстот е Стеван Л. Костов. Претставата е интересна приказна каде Господ им ја зема силата на мажите и им ја дава на жените, за сите неправди кои мажите им ги правеле. Со тоа улогите се менуваат и мажите се оние кои се понежен пол и се задолжени за сите обврски во домот, готвење и чистење, додека жените одат во општина и се задолжени за власта.
Во претставата играат: Александар Димитровски, Никола Тргачевски, Марјанчо Ѓоргиевски, Валентина Кожовска, Катерина Петровска и Димитар Михајловски.
Освен во Охрид претствата ќе биде изведена и во Ресен, Битола, Кочани, Демир Хисар, Кавадарци, Мак. Брод, Скопје, Прилеп и Тетово.
OhridNews