Непознати сторители синоќа ја урнале новогодишната елка поставена во паркот во центарот на Охрид. Елката висока девет метри од падот е оштетена, а искршени се и голем број сијалички кои беа поставени на неа.

„Настрада“ новогодишната елка

За време на инцидентот елката била под напон поради што постоела сериозна опасност да настрада некој од несовесните граѓани .


оштетена новогодишната елка

Локалната самоуправа го осуди како што велат оттаму„вандалскиот чин“ , а екипи на јавното комунално претпријатие нешто по 11 часот ја вратија елката во првобитната состојба. „Овој чин сметаме дека е насочен против угледот на Охрид и против сето она што го прави локалната самоуправа и асоцијациите и здруженија на граѓани за Охрид да биде убаво уреден не само за новогодишните, туку и за другите зимски празници“, ни изјави Никола Манески, од одделението за односи со јавност при локалната самоуправа.


елката вратена во нормална позиција

Горан Момироски
фото: Васко Бујароски