Непознати сторители синоќа ја урнале новогодишната елка поставена во паркот во центарот на Охрид. Елката висока девет метри од падот е оштетена, а искршени се и голем број сијалички кои беа поставени на неа.
некому му сметала новогодишната елка
За време на инцидентот елката била под напон поради што постоела сериозна опасност да настрада некој од несовесните граѓани.
Локалната самоуправа го осуди како што велат оттаму„вандалскиот чин“ и најави дека елката во текот на денот ќе биде поправена, а штетата санирана.
(наскоро фотографии)
OHRIDNEWS