Уривањето на старата  зграда на библиотеката се одвива со забавено темпо  заради иселување на здруженијата на граѓани и институциите сместени во објектот. Тие и денеска не го криеа незадоволството од начинот на кој се урива библиотеката, бидејќи како што тврдат воопшто не биле информирани дека треба да се иселат. Најголеми реакциите има од вработените во Бирото за развој на образованието кои и денеска не ги напуштија своите простории.


Вработените од бирото за образование и денеска беа во своите простории

Незадоволни се  и  од Сојузот на борците од каде велат дека не знаеле за уривањето поради што во опасност се доведува вредната архива на органзиацијата. Оваа организација како и извидничкиот клуб времено ќе бидат сместени во поранешните бараки на Гранит. Претседателот на Сојузот на борци-Охрид, Крсте Крстаноски, вели дека на располагање сега ќе имаат само една просторија која е премала за да се смести цалата архива на организацијата. „Она шрто е повредно ќе го сочуваме и соодветно ќе го сместиме, додека од помалку вредните работи ќе се ослободиме“, изјави за Ohridnews, Крстановски.


Не може да се спаси целата архива  Крсте Крстаноски

Од локалната самоуправа  велат дека сите здруженија и институции кои користеле простории во библиотеката биле запознаeни со владината одлука дека овој објект ќе се урива. Од општината велат немаат обврска да се грижат за Бирото за образование бидејќи тоа е во надлежност на ресорното министерство.„Имаме морална обврска да ги згрижиме невладините организации, и тоа ќе го направиме, но тоа нема да важи за нелегално вселените здруженија“, изјави денеска градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.  Овој објект е на државата, и им припаѓа на министерствта за култура и за образование кои беа известени за уривањето, другите не можеме да ги известуваме затоа што не знаеме кој се низ овие години се сместил тука, рече Петрески.


Општината ќе ги згрижи здруженијата – Петрески

Тој информираше дека општината е само извршител на уривањето согласно одлуката на Владата и проектот изготвен од охридскиот Завод и Музеј. Општината нема само желба туку и обврска која произлегува од задолженијата добиени од Владата на Република Македонија, а државните служби како Бирото за информации треба да се информираат кај своите претпоставени, а не кај локалната самоуправа, велат од општинската служба за односи со јавност.


Уривањето на библиотеката ќе продолжи деновиве

Според предвидениот план   просторот кај старата библиотека треба да се уреди до почетокот на туристичката сезона, каде ќе биде изграден парк со повеќе други културни содржини.

ohridnews