Вака симболично може да се опише отпорот што кон уривањето на старата зграда на библиотеката го имаат институциите и невладините организации чии канцеларии со децении беа сместени во руинираната зграда.

Најжестоки во реакциите беа вработените во Бирото за развој на образованието кои сметаат дека целата акција е нелегитимна зошто се загрозува функционирањето на оваа институција непосредно пред одржувањето на државната матура. Ништо помалку револтирани не беа ниту претставниците на Сојузот на борците и извидничкиот клуб, кои обвинија дека не биле запознаени дека уривањето на библиотеката ќе започне на 14 април.

Од локалната самоуправа ги демантираат обвинувањата. Оттаму велат дека сите здруженија и институции кои користеле простории во библиотеката биле запознати со владината одлука дека овој објект ќе се урива. Од општината велат немаат обврска да се грижат за Бирото за образование бидејќи тоа е во надлежност на ресорното министерство, додека за општинските здруженија е обезбедено времено решение. Имено Сојузот на борците и извидничкиот клуб до изнаоѓање трајно решение ќе можат да  користат простории во бараките на Гранит каде  неодамна се вдоми Здружението на инвалиди -Охрид.

Според најавите просторот кај старата библиотека треба да се уреди до почетокот на туристичката сезона. Таму според проектот на охридскиот Завод и Музеј ќе се гради парк со повеќе други културни содржини.

Г. Момироски