Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа активности за уредување и чистење на градските гробишта во пресрет на верскиот празник „Рамазан Бајрам“.
Беше извршено хортикултурно оплеменување на просторот, чистење на патеките, засадување на цвеќе и уредување на тревните површини низ муслиманските гробишта. Исто така, во пресрет на празникот jавното претпријатие обезбеди и дополнителен простор за паркинг, информираат од Општина Охрид.
OhridNews