Еден уредник подигнал тужба против Том Круз во висина од 5 милиони американски долари, бидејќи актерот го шпионирал. Според уредникот Мајкл Дејвис Сапир, актерот најмил приватен истражител кој нелегално го прислушкувал неговиот телефон. Тврди дека Круз, неговиот адвокат Берт Филдс и приватниот истражител Ентони Пеликано се здружиле за да го шпионираат.
Наводно се се случило откако Сапир изјавил дека поседува видео материјал кој докажува дека Том Круз имал хомосексуална врска. Пред осум години Том го тужел Сапир и барал од него 100 милиони долари, но подоцна се договориле откако обајцата потврдиле дека споменатиот видео материјал не постои.