По повод 11-ти Октомври, Денот на револуцијата, младите социјалдемократи од Охрид денеска имаа акција за чистење  на спомен обележјата на борците од НОБ.


 
-Преку оваа акција СДММ сака да покаже дека денес во Македонија сеуште постојат млади луѓе кои знаат да го  ценат придонесот на борците од НОБ и неговото значење за државата и дека ние младите социјалдемократи умееме да го сочуваме и негуваме минатото и сметаме дека секој период од македонската историја е богатство за идните генерации.-велат учесниците во денешпната акција.


 
Младите охридски социјалдемократи и упатија забелешка на власта дека фрлајки бесцелно милиони евра на шмизли, лавови и восочни фигури го потценува значењето на НОБ и дека се обидува да ја промени историјата на македонскиот народ.

OhridNews