Завршени се активностите за уредување на речното корито во центарот на село Белчишта во должина од 150 метри, инофмрира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Извршено е расчистување на теренот од вегетација, поставување на сепариран дробен камен, поставување на арматурна мрежа, бетонирање на дното на каналот и санирање на оштетени делови од постоечкото корито, вели Ногачески.

Вкупната вредност на активностите изнесува 764.050 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

OhridNews