НП Галичица вчера ја промовираше новата рекреативна патека Трпејца Чоколско. “Патека пред се е наменета за туристите кои во текот на летниот период престојуваат во Трпејца и таа ќе претставува дополнителна содржина за нив меѓутоа таа е наменета и за сите оние кои ја сакаат природата и Националниот парк Галичица“,истакна директорот на ЈУНП Галичица Зоран Ангелоски на денешното свечено отворање на новата пешачко-рекреативна патека.


Патека е со вкупна должина од околу три километри, а по целата нејзина должина е поставена инфраструктурна опрема со висок квалитет и која целосно се вклопува во просторот. По должината на патеката се поставени информативни табли од кои посетителите ќе можат да добијат информации за Националниот парк за Охридското Езеро и за вредностите кои се присутни на овој простор како што се флората фауната,клифовите итн.


 
Исто така поставени се и патокази кои на посетителите ке им овозможат лесно да се двизат низ просторот. По должината на патеката се поставени клупи и маси каде посетителите ќе можат да се одморат и да уживаат во природните и пејсажните вредности.

Ohridnews