Уредени градските гробишта во Охрид по повод големиот христијански празник Воскрение Христово – Велигден и зголемената посетеност на истите.

Екипите на јавното претпријатие потпомогнати преку работна акцијата и од вработените од административниот дел на јавното претпријатие, интензивно работеа на средување, чистење, метење и хортикултурно уредување на градските гробишта, велат од ЈП „Градски Гробишта” Охрид.

Заради задоволување на потребите за паркинг за претстојните денови, додаваат, обезбеден е и дополнителен простор за паркинг.

Од претпријатието упатуваат честитки до православните христијани со желби за здравје, среќа и успех.

OhridNews