Неодамна обновеното живеалиште на жолтиот локвањ , кај трската во близина на каналот Студенчишта, деновиве е соодветно уредено.
уреден просторот кај обновеното живеалиште на локвањот
До водното живеалиште на локвањот, што беше обновено со проект на Лимнолошкото друштво, сега води поплочена патека, а поставена е и информативна табла на која посетителите може да ги најдат основните податоци за локвањот.
Жолтиот локвањ повторно ќе почне да цвета во пролет
Во моментов посетителите не ќе можат да ги видат препознатливите жолти цветови на локвањот бидејќи ова водно растение во зима не цвета. Тоа повторно ќе почне да цвета на пролет. Некогаш жолтиот локвањ во Охридското Езеро ги имало на повеќе локации. Денес благодарение на лимнолозите на охридската ривиера го има само во обновеното живеалиште кај х. Милениум, додека во струшко го има на повеќе места.
Г. Момироски