Здравствената состојба на Кристијан Ериксен кој доживеа срцев удар среде натпреварот Данска – Финска е стабилна, но Данецот во понатамошниот дел од животот ќе мора да носи уред кој ќе му контролира работата на срцето, пренесува „BBC“.
Докторите од повеќе специјализирани болници итно одржале средба со фудбалерот и заедно одлучиле се на ваков чекор, кој ќе го сведе на минимум ризикот за нов срцев напад, кој би можел да биде со трагични последици за фудбалерот.
Ова е најдобра опција, бидејќи констатно ќе биде пратен и секоја срцева промена ќе биде под лекарски надзор. Тој веднаш ја прифати опцијата, – рече данскиот доктор Мортен Боесен.
За потсетување, Ериксен колабираше пред крајот на првиот дел, а лекарската екипа речиси половина час се бореше за животот на фудбалерот. Битката заврши успешно.
OhridNews