Првата седница на Советот на Општина Охрид, од оваа календарска година, која се одржа денеска, помина во знакот на урбанизмот. За околу еден час работа, без поголеми расправи, советниците  дадоа зелено светло за 14 предлог одлуки, за изработка и донесување на Локална урбанистичка документација.


 Овие точки , беа дел од дневниот ред на неколку претходни седници, но поради неподготвени материјали, неколкупати се повлекуваа од расправа. Дневениот ред на денешната седница, како и материјалите за истата, беа утвредни на минатата, односно единаесетата седница на Советот, која се одржа на 29 декември 2009 година. 

Ohridnews