Неконтролираната урбанизација на Охрид предизвикува сериозни последици и промена на климата во градот предупредуваат експертите. Со ваквиот нивни став се согласуваат и голем број граѓани кои сметаат дека урбанистичката експанзија го гуши градот и е причина за временски појави невообичаени за Охрид, каква што беше минатонеделната магла.


урбанизацијата виновна за промена на климата во Охрид?

Точно 283 посетители на нашиот веб портал, или 43% одговориле потврдно на прашањето: Дали неконтролираната изградба во Охрид придонесува за појава на магла ? Наспроти ова 236 испитаници или 36% сметаат дека појавата на густа магла во Охрид не е поврзана со урбанизацијата туку дека се работи за природна појава. Дел од испитаниците, односно 86 од нив, или 13% сметаат дека новоизградениот бетонски ѕид на кејот го попречува проветрувањето, а 8% или 52-ца испитаници сметаат дека урбанизацијата делумно влијае на појавата на магла во Охрид.

ohridnews