Охриѓанката Марија Христовска е добитник на првата награда на меѓународниот конкурс за дизајн „Urbanscape: Streetbeat Competition“, организиран од „UNI Competitions“. Темата на конкурсот е дизајнирање на урбана опрема што го подмладува ритамот на градот.
Добитничкиот проект е лоциран во Охрид и е насловен како „The Frame Bench„ или „Клупа Рамка“.
Името влече инспирација од живописната стара градска архитектура која низ збиената мрежа од куќи и улички го врамува погледот кон Езерото. Дизајнот на клупата го поврзува старото со новото и современото преку изборот на формата и материјалот. Формата ги следи драматичните агли на старата Охридска архитектура. Материјалот пак, е ламелирано дрво, инспириран од конструкцијата на сега веќе непостоечкиот ресторан Парк. – вели Христовска.
Авторката вели дека инспирациј наоѓа во песните на нашиот локален, а светски музичар Владимир Четкар.
Проектот е исто така избран да биде објавен во годишната публикација на организаторот.
OhridNews