Урбаната опрема во иднина ќе може да се поставува само во строго утврдени зони и според стандарди утврдени од локалната самоуправа, информираат од општинскиот инспекторат. Оттаму најавија дека почнувајќи од првомајските празници ќе бидат засилени контролите во градот, а диво поставените тезги ќе се отстрануваат.


Урбаната опрема ќе се поставува само во строго утврдени зони

-Од Секторот за урбанизам утврдени се зони за кои може да се издават дозволи за поставување  и користење урбана опрема во зависност од производите што ќе се нудат, како и тоа што во која зона може да се продава. На сите легално регулирани продажни места, понудата ќе се врши исклучиво на тезги од „Охридски Комуналец“. Тоа значи дека  веќе нема да се дозволи поставување на масички, куферчиња, сандаци, гајби, картонски кутии и слична нестандардна опрема, велат од инспекторатот.

Ohridnews