Некои навики тешко се искоренуваат. Една од полошите е горењето отпад во контејнер. Случката ја уловивме на булеварот „Туристичка“ во очи Самитот на претседателите на држави од Централна Европа. Некој несовесен граѓанин се “решил“ од отпадот такашто го запалил во контејнер. Непријатната миризба извесно време се ширеше од распламтениот контејнер, а грдата слика повеќе потсетуваше на гето сцена отколку на уредена урбана средина.
Урбана (не)култура
Неодамна започна примената на новите, поостри казнени мерки за загадувачите на животнта средина, кои треба да придонесат за намалување на ваквите појави. Зајакнати се овластувањата на службените лица при што државните инспектори за животна средина, комуналните инспектори, општинските инспектори за животна средина а и службени лица на полицијата се овластени за надзор и покренување пријави па и за изрекување на глоба на лице место. За горење отпад во урбана средина предвидена е казна во висина од 150 евра. Време е надлежните органи да почнат да ги применуваат санкциите.
ohridnews