– Денешниов ден го сметам за историски, бидејќи се отвара една нова страница во историјата на МАНУ, која делумно се преселува во Охрид и овде се надоврзува големата традиција на овој славен град кој ја шири вистината и убавината за Македонија во целиот свет. Овде во палатата Уранија се формира разгранок на МАНУ за да се воспостави таа парабола помеѓу минатото на Охрид и сегашноста, кој ќе се нарекува Охридски книжевен центар. Во него ќе има чести средби на балканските академии и длабоко сум уверен дека благодарение на куќата на Уранија ќе дојде до поголемо зближување на научно поле на балканските академии, истакна претседателот на МАНУ, Георги Старделов.
Ohridnews