Неодамна заврши реконструкцијата на куќата на Уранија, која спаѓа меѓу најзначајните споменици на културата во Охрид.
Објектот беше урнат до камените ѕидови и повторно изграден, при што го задржа стариот автентичен лик.
Внатрешноста сеуште се уредува, но според најавите на надлежните од Завод и Музеј, тука се предвидени повеќе измени. Најголемата секако ќе биде поставувањето на лифт, кој според надлежните ќе ја подобри пристапноста во објектот и нема да ја наруши неговата вредност. Санацијата на куќата на Уранија која предизвика спротиставени ставови кај дел од стручната јавност ја изврши охридскиот Завод и Музеј, а ја финансираше Министерството за култура.
Како што е познато куќата на Уранија со одлука на Влада и е отстапена во владение на Македонската академија на науките и уметностите.