Во почетокот на месец септември ќе започне реконструкцијата на куќата на Уранија која Владата и ја отстапи на МАНУ. Поради нарушената статика куќата  ќе биде урната до камените ѕидови и целосно реконструирана со автентичен лик каков што има сега.

Реконструкцијата треба да заврши идната година, а потребните средства ги обезбеди државата. Ова денеска на средба со новинарите во Охрид го соопштија вицепремиерот Ивица Боцески и претстадателот на академијата, Гоерги Старделов. Тие остварија средба со Тања Пасали Бунташеска, директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид кој ќе изврши  реконструкцијата на куќата на Уранија. Паскали Бунташеска притоа инфромираше дека проектот за реконструкција е изготвен и дека наскоро ќе започне неговата реализација.

Во куќата на Уранија каде што е основана МАНУ, предвидено е да се формира клон на академијата кој ќе ја истражува охридската средновековна книжевност. Исто така  се предвидува во куќата на Уранија да биде сместено седиштето на Асоцијацијата на научните академии од Балканот. На тој начин ќе му го вратиме сјајот  на Охрид кој го задолжи словенскиот свет бидејќи оттука извира писменоста и културата на словенските народи, рече академик Старделов.


Паскали Бунташеска – Боцески – Старделов

Вицепремиерот Боцевски истакна дека Владата и центарот на истражување на МАНУ заеднички ќе работат на реализација на повеќе проекти од областа на евроинтеграциите, а двете институции ќе соработуваат и во хармонизацијата на македонското со европското законодавство и изработка на електронска база на податоци. Исто така академијата ќе работи на  спречување на одлив на мозоци и ќе изработи  на регистер на научните работници од Македонија иселени во светот, истакна Боцески

ohridnews