Иако беше најавено дека ќе биде предадена на новиот сопственик на 11 Oктомври, куќата на Уранија чија комплетната
реконструкција заврши неодамна, сеуште чека Македонската академија на науките и уметностите да ја преземе во владение.


Куќата
на Уранија со одлука на Владата и е отстапена на трајно користење на
академијата чие формирање е поврзано со историскиот состанок во овој
објект пред 42 години.
Објектот беше внимателно разграден до камените ѕидови и повторно изграден, при што го задржа стариот автентичен лик. Внатрешноста е комплетно уредена, а како новина вметнат е и лифт.


Уранија  го чека сопственикот


Од Заводот и Музеј кој ја изврши реконструкцијата на oваа со закон заштитена стара охридска градба, не знаат кога МАНУ ќе ја преземе Уранија. Официјална најава нема ниту од Академијата, која во овој период се соочува со жестока внатрешна дебата за оспорената Македонска енциклопедија. Дали бурните реакции во јавноста и различните ставови на членовите влијаеле Академијата да го одложи свечениот чин за подобри времиња, или тоа е направено од сосема дуга причина, засега не се соопштува.


Ohridnews