Урамнотежената исхрана е клучна за повеќе нешта – од правилен раст и развој на телото до целокупното здравје, па новите видови диети кои препорачуваат исфрлање на една цела група намирници од исхраната, всушност прилично му штетат на нашиот организам.
Јагленохидратите се основа на исхраната, без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, бидејќи препорачаниот дневен внес на јагленохидрати изнесува од 40% до 65% од вкупната количина на намирници. Се разбира важно е да се комбинираат едноставните и сложените јагленохидрати за телото да функционира нормално.
Имено, дел од јагленохидратите се користи за енергија, дел се складира во црниот дроб како гликоген, а останатиот дел се претвора во маст-а најголема штета прават едноставните јагленохидрати, поточно, белото брашно.
Мастите се најважен извор на енергија за работа на организмот, после јагленохидратите, а освен тоа играат важна улога во заштитата против инфекции и ја прават кожата елеастична, бидејќи во нив се витамините А, Д, Е и К, кои едноставно не смееме да престанеме да ги внесуваме.
Протеините имаат основна задача за градба и обновување на ткивата и органите, а ако го намалиме внесот на јагленохидрати, тие ќе започнат да се користат за енергија, што ќе ја забави или спречи градбата и обновата на ткивото. Инаку, протеините се составени од есенцијални и неесенцијални аминокиселини, од кои есенцијалните нашиот организам не може сам да ги произведе, па можеме единствено да ги внесеме преку храната.
Минералите и витамините во телото се присутни во мали количини, но улогата им е и тоа како значајна – без нив нема нормален раст и развој, па е неопходно да ги внесуваме во нивниот природен облик – по пат на храната која ги опфаќа сите намирници.
За крај, водата – не можат да се избројат важните улоги кои водата ги игра во телото, од пренос на хранлвите материи преку помош на системот за варење и апсорбција до елиминација на токсините, штетните нуспроизводи на системот за варење. Затоа, не заборавајте го советот кој сте го чуле многу пати – барем осум чаши вода дневно, и вашиот организам ќе функционира без застој.
Затоа, ако треба да изгубите вишок на килограми, посоветувајте се со својот лекар или посетете нутриционист, за да не му нанесете на организмот поголема штета отколку корист со изборот на диета.
извор: metroportal.hr