Десетици луѓе ги загубија животите во налетот на ураганот „Синди“, кој синоќа го погоди источниот брег на САД, јавуваат американските медиуми. Жртви има во Њујорк, Њу Џерси, Мериленд, Вирџинија, и Северна Каролина. Околу 5,5 милиони луѓе се без струја. Улиците на Њујорк се поплавени, а на пристаништето од овој град забележани се бранови високи 9,5 метри!


Во тек е евакуација на околу 200 лица од болница во Њујорк загрозена од невремето, а големи проблеми во внатрешноста од земјата создава снегот кој непрекинато врне од синоќа. На места снежната покривка изнесува 70 сантиметри.


Една жена загина во Торонто – Канада, откако врз неа паднал рекламен билборд.

„Совршената бура“, како уште се нарекува големото невреме, ја потопи репликата на бродот Баунти. Спасувачите синоќа успеале да пронајдат едно од двете исчезнати лица кои се наоѓале на бродот од кој претходно беа спасени 14-мина патници и членови на екипаж. За жал и покрај напорите на спасувачите лицето починало во болница.


Поради големото невреме исклучена е нуклеарната централа во Њу Џерси.

OhridNews