Расте бројот на загинати од ураганот Метју кој ја разори островската држава Хаити и сега беснее на Карибите, средна Америка како и на Флорида во САД. Според последните информации бројот на загинати на Хаити достигнал 900, а американските медиуми јавија дека две лица починале на Флорида. Над 3 милиони граѓани на Флорида се евакуирани од своите домови, а 1 милион останаа без електрична енергија. Ураганските ветришта го погодиле брегот на САД со брзина од околу 200 километри на час.
Се стравува дека невремето ќе погоди и други држави на Карибите и средна Америка кои не се подготвени за справување со најсилниот ураган на Пацификот во последните 10 години.
OhridNews