Во налетот на ураганот Марија на карипската држава Доминика загинаа најмалку 15 лица, а 20 се водат за исчезнати соопштија тамошните власти. Ураганот предизвика огромни штети во земјата.
Претходно ураганот Марија го опустоши и Порторико каде предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Властите соопштија дека 3.5 милиони жители можеби ќе останат без електрична енергија еден месец додека не се санираат штетите на електро мрежата која е уништена.
Порториканските власти соопштија дека ова е најголемото невреме што ја погодило земјата во изминатите 100 години.