Ураганот „Ернесто“, кој викендов се наоѓаше на околу 225 километри североисточно од Бермудските Острови, се очекува до денеска навечер да стигне до источниот брег на САД и Канада.

Поради големината на бурата и нејзиното бавно движење тропските ветришта продолжија и во недела, изјавија властите на Бермудските Острови.

Американскиот Центар за следење на урагани соопшти за опасни бранови и струи на источниот брег на САД и Канада. Се очекува дека до понеделник вечер „Ернесто“ ќе помине близу југоисточниот дел од Њуфаундленд и можеби повторно ќе ја достигне ураганската сила, се наведува во соопштaението.

„Ернесто“ е петта тропска бура која добила име оваа сезона, и трет ураган во Атлантикот годинава.

Ураганот претходно удри на североисточниот дел од Карипскиот регион, при што во Порторико десетици илјади луѓе останале без вода.

Националниот центар за урагани предупреди за силен ветер, опасно бранување и значителни поплави во крајбрежните подрачја на Бермудите.

„Ернесто“ ги натера жителите на овие острови да останат дома, а повеќе од 23 илјади луѓе, според локалните власти, во саботата останале без струја. Максималната брзина на одржливиот ветер до крајот на саботата се намали на 110 км/ч. Центарот на ураганот се наоѓаше на околу 225 км североисточно од Бермудските Острови со правец на движење север-североисток и брзина од 13 км/ч).

Според центарот, на Бермудите се очекува врнежите да достигнат 17 до 22,5 кубни сантиметри.

OhridNews

фото. Архива