Управниот суд ги одби сите 23 тужби на ПЕИ за вториот круг од локалните избори во Струга.

Во изјава за медиумите претседателката на Управниот суд Розалија Кочковска, рече дека тужбите се отфрлени како неосновани, откако бил извршен увид во избирачкиот материјал и било констатирано дека нема нерегуларности во работата на избирачките одбори и дека нивните извештаи се во согласност со законите.

Со ова се исцрпени сите правни можности да се оспори победата на Рамиз Мерко во Струга.

ПЕИ која изнесе сериозни забелешки на изборниот процес во Струга претходно најави дека правдата ќе ја бара и пред меѓународниот суд во Стразбур, а беа најавени и кривични пријави за членови на избирачки одбори и ОИК.

Ohridnews