Управниот суд ги одби сите 53 тужби на одлуките на Државната изборна комисија за приговорите на политичките партии за првиот круг од претседателските и локалните избори.
Две од тужбите се отфрлени, а останатите 51 се одбиени како неосновани, информираат од судот.
Одлуката на Управниот суд е конечна.