Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ на вчера одржаниот состанок донел одлука да му достави предлог на градоначалникот Александар Петрески за избор на директор на јавната установа.

Кaко што дознава OhridNews, членовите на Управниот одбор за нов директор на градинката ја предложиле Роза Костоска, вработена во јавната установа.

Според процедурата во рок од 15 дена градоначалникот треба да се изјасни по предлогот на Управниот одбор. Доколклу не го прифати, Управниот одбор треба повторно да му достави предлог за директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

ОhridNews